Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата. Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.
Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата.Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, пренес ДПА.
извор: 24info.mk