Во кафеана освен со вакцина ќе може да се влезе и со потврда за прележан Ковид не подоцна од 45 дена
За влез на сите организирани настани освен сертификат за вакцинација граѓаните ќе може да приложат и потврда за прележан вирус во рок од 45 дена најави министерот за здравство Филипче посочувајќи дека новите мерки започнуваат од понеделник. Според одлуките на последната владина седница невакцинираните нема да може да присуствуваат на настани каде ќе има повеќе од 30 лица, редарски служби ќе вршат контроли на самиот влез.
Анализата покажува дека посебно е голем бројот на новодијагностицирани во градови каде што прилично е мал опфатот со вакцинацијата односно е околу 20 до 23 проценти. Од вкупно 3497 пациенти кои се дијагностицирани изминатите седум дена 3047 се невакцинирани, што значи дека само десет проценти се вакцинирани и се позитивни и тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, рече Филипче.