Повеќето луѓе кои постојано ја користат тастатурата од лаптоп или компјутер веројатно забележале дека единствено на буквите “F” и “Ј” на тастатурата има испакнати цртички. Тие не се тука без причина, па доколку сте се запрашале која е нивната примена, одговорот е всушност прилично едноставен.
Ако сте помислиле дека се работи за чиста случајност, дефинитивно сте се излажале. Цртичките на тие букви се токму таму со причина којашто е крајно едноставна, а тоа е лоцирање на вистинските букви без потреба за гледање во тастатурата, пишува The Independent.
Кога показалците од двете дланки ќе се постават на буквите “F” и “Ј”, прстите од левата дланка ќе ги покријат буквите “A”, “S” и “D”, додека прстите од десната дланка ќе се најдат врз буквите “J”, “K”, “L” и на македонската тастатура буквата “Ч”.
При ваков распоред на прстите на тастатурата, палците ќе се најдат на тастерот “space”.
Цртичките на буквите “F” и “Ј” се пронајдок зад којшто стои Џун Е. Ботич, a целта е да се постигне побрза работа на тастатурата, со голема точност.