Долго време, радиото за автомобили беше цел на крадците, а потоа производителите почнаа да ги интегрираат аудио уредите во мултимедијалните системи, односно ја укинаа можноста клиентот да ги инсталира самостојно
Преку ноќ, исчезна една цела гранка на “лоповска” професија, но сега повторно се буди. Овој пат, интерес на крадците се малку поинакви предмети.
Полицијата во Сент Етјен во Франција предупредува на една загрижувачка појава – криминалците не се двоумат целосно да ја симнат целата централна конзола, вклучувајќи го и мултимедијалниот систем, особено на моделите на групацијата Фолксваген.
Скршен прозорец и демонтирана централна конзола – ова е токму сцената што некои возачи во Сент Етјен ја најдоа во својот автомобил. За да го спречи тоа, полицијата одлучи да ги предупреди сопствениците на возилата на нивниот профил на Твитер.
Сепак, тоа не значи дека се поштедени и други марки на автомобили, како што е прикажано на фотографијата подолу, која ја прикажува внатрешноста на ограбениот Мерцедес.
Овој тип на деликвенција, кој е широко распространет низ цела Франција, многу често ги прати нарачките. Она што се бара на црниот пазар, тоа и се краде.
Откако ќе го скрши прозорецот, крадецот лесно ја отстранува централната конзола. Се разбира, тој не е заинтересиран за пластиката, туку за мултимедијалниот систем и неговиот екран.