Некои од најпрактичните предмети и уреди во секојдневието на човекот, се измислени од жена. Следат пет важни изуми за коишто многумина, можеби и не знаеле дека се создадени од талентирани жени ширум светот.
1.Електрични фрижидери
Овој неверојатен придонес во современото живеење го измисли Флоренс Парпарт во 1914 година. Таа, како што пишува порталот „Квизклаб“, била една од ретките жени во тоа време што поднела барање за патент во нејзино име. Но, фрижидерот не е единствениот пронајдок што го има на нејзиниот потпис. Флоренс е запаметена и како пронаоѓачка на возилото за миење улици.
2.Бришачи на шофершајбна
Бришачите на шофершајбната се од суштинско значење за безбедноста на патот и тешко е да се замисли превозот без нив денес. Жената која стои зад овој изум е Мери Андерсон која го регистрираше патентот во 1903 година – во зората на автомобилската ера.
3.Колачињата со чоколадни крупни трошки
Можеби најомиленото колаче на светот, е измислено од Рут Грејвс Вејкфајлд. Готвачката цел живот добиваше набавки на чоколадо од корпорацијата „Нестле“, па на крајот и им го продаде својот рецепт.
4.Електричен бојлер
Каков би бил светот денес без туш, бања и топла вода? И за ова, заслужна е жена. Се работи за Ајда Форбс која работела на тоа пред 1917 година, кога и му го претстави бојлерот на светот.
5.Шприц
Шприцот којшто се вбризгува со една рака претставува вистинско олеснување за лекарите и посебно, за пациентите. Оперативноста на медицинските професионалци одеднаш им беше за една огромна степен поедноставна, а заслугите за тој медицинскиот напредок ѝ припаѓаат на Летиша Мамфорд Гир.