Од денеска -1 септември и домашните и странските државјани во земјава може да влезат и да излезат само со потврда за вакцинација или ПЦР тест,
При влез или излез во земјава, граѓаните на граничниот премин треба да приложат потврда за примени две дози од вакцина против ковид-19 или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР тест, направен најмногу 72 часа претходно, или негативен брз тест за антигени тела направен 48 часа пред излез од државата.
Европската унија вчера ја врати Македонија на листата небезбедни земји, со што се ограничува патувањето во земјите членки на ЕУ. Оваа одлука значи дека македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во ЕУ, како тестирање за коронавирус и карантин. Таа не е обврзувачка за сите членки на Унијата, туку секоја држава има право да воведе свои гранични правила.