Градинките се подготвени за поголемо присуство на децата од 1 септември, меѓутоа и понатаму почитувањето на мерките претставува врвен приоритет. Согласно последниот пресек 71 процент од вработените во градинките се веќе вакцинирани.
Oстануваат протоколите, односно вработените прво треба да си ја измерат сопствената температура и во текот на целиот ден да носат заштитни маски. Согласно протоколите, да не влегуваат во други групи освен во групата за која што се конкретно задолжени, честа дезинфекција во услови кога им дозволуваат временските прилики и работа на отворено со децата и често проветрување на просториите во коишто престојуваат.
Во врска со зарезените со Ковид-19 во градинките, Шахпаска наведе дека во петокот бројката на позитивни вработени е 17 и 6 позитивни дечиња. Сепак, како што рече. можам да кажам дека состојбата во градинките е стабилна и е под контрола
Таа информираше дека во моментот, бројката од петокот е 4.408 деца присутни во градинките, а бројот на слободни места, согласно со вчера важечките протоколи е 25.500.
Околу сместувачките капацитети во градинките, министерката посочи дека согласно анализите, коишто ги имаат, согласно епидемиолошката состојба во моментов покриени се потребите, меѓутоа факт е дека недостасуваат нови места за сместување на деца во градинките.
Извор: nezavisen.mk