Американската компанија за е-трговија, Амазон, запаочнува со отворање на канцеларии во Загреб. Како што се наведува, за почеток бараат 15 работници, а неофицијално во сферата се напоменува дека конечната бројка би можела да изнесува 50.
Амазон во февруари во Загреб закупил сервери за „caching“, односно хрватската престолнина директно ја поврзал на својата клауд инфраструктура. Тогаш им навел на клиентите, како Нетлфикс, дека можат да понудат 14 % побрз пренос на податоци до корисниците. Во вториот чекор сега во Загреб, е – трговецот развива тим кој би се бавел со дизајнирање и реализација на големи клауд проекти на глобално ниво.
Во согласност со тоа, меѓу 15 – те огласени позиции во Загреб, Амазон не бара програмери ниту специјалисти за е – трговија, туку низа на стручњаци за проектирање и одржување на клауд инфраструктурата. На списокот се техничари, електричари и други стручњаци за изработка и одржување на инфраструктурата на која почива денешниот интернет.
Условите кои Амазон ги поставува се факултетска диплома и седум години искуство во сферата.
Само во САД ќе бидат отворени дури 40,000 работни места, во Велика Британија – 2,500, додека остатокот од работните места во главно ќе бидат во Индија, Германија и Јапонија, пренесува Би – Би – Си.
Главниот извршен директор Енди Џеси кој е на оваа позиција од 5 јули заменувајќи го Џеф Безос, рекол дека „Амазон мора да ја зголеми работната сила, за да оди во чекор со ширењето на дејноста малопродажба, клауд технологиите и огласувањето“.
Голем број на позиции, како што наведува Би – Би – Си, веројатно ќе бидат наменети за новата програма за лансирање на сателитот (проект Купер), со цел ширење на широкопојасната мрежа. Амазон оваа година веќе вработил 10,000 луѓе во Велика Британија, со што неговата работна сила во оваа земја достигнала 55,000 вработени.