Лажењето е една од најчестите причини поради кои луѓето раскинуваат, а истражувањето покажа дека луѓето ги лажат своите партнери околу пет пати неделно, и тоа најмногу за финансиите.
Додека некои ќе признаат дека кријат одредени работи кога ќе се соочат со партнерот, некои сепак нема да се откажат, особено кога станува збор за парите.
Според истражувањето, 18 проценти од испитаниците рекле дека активно го излажале партнерот или брачниот другар за заработените пари или долгови. Околу 13 проценти рекле дека лагата се однесува на нивните финансии, додека 7 проценти изјавиле дека лажат колку должат. Уште полошо, 5 проценти рекле дека го лажеле својот брачен другар или партнер за тоа колку заработуваат.
Сепак, не секој има иста причина да ги крие своите финансии од својот партнер. 36 проценти од анкетираните изјавиле дека „веруваат дека некои аспекти на нивните финансии треба да останат приватни, дури и од нивниот брачен другар или партнер“.
Околу 26 проценти рекле дека веќе разговарале за целокупните финансии со партнерот и знаеле дека нема да ги одобрат, а 16 проценти изјавиле дека иако претходно не разговарале со својот партнер за финансии, сепак сметаат дека нема да ги одобрат нивните одлуки.
Можеби не е изненадувачки, речиси 1 од 5 луѓе рекоа дека едноставно се срамат или се плашат од сопствените финансии и не сакаат нивниот партнер да го открие тоа.
Иако многу луѓе го прават ова, криењето финансиски тајни од вашиот партнер може сериозно да и наштети на вашата врска. Всушност, 75 проценти од испитаниците рекле дека финансиската измама на некој начин влијаела на нивните сегашни или минати врски.
Околу 44 проценти рекле дека тоа предизвикува расправија, а 35 проценти велат дека предизвикува помала доверба во врската. Уште полошо, 13 проценти рекле дека овие тајни на крајот резултирале со развод, а 10 проценти рекле дека довеле до разделба како двојка.
Ако врската е изградена врз цврста основа на меѓусебна доверба и почит, нема потреба да криете пари или финансии, се сложувате?