Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Едно од тие отсуства на кои работникот има право на надоместок на плата е отсуството во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда.
Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот. Едно од тие отсуства на кои работникот има право на надоместок на плата е отсуството во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда.
1) НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Осигуреното лице има право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, под услов ако се работи за осигурено лице кое има засновано постојан работен однос - лице во работен однос (осигурени лица од член 5 став 1 точките 1,2 и 3 од Законот за здравствено осигурување).
Осигурениците можат да остварат право на надоместок на плата ако се исполнети следните услови за остварување на правото на надоместок на плата согласно законските прописи и тоа:
1. Ако здравственото осигурување по основ на работен однос траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на случајот, поради кое се стекнува правото
2. Придонесот за задолжително здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задолцнување од најмногу 60 дена
3. Оценката за привремена спреченост од работа да ја дал избраниот лекар односно лекарската комисија на Фондот
Правото на надоместок на плата на товар на Фондот се остварува врз основа на поднесено барање за привремена спреченост за работа поради болест и повреда односно барање за привремена спреченост за работа поради бременост и раѓање.
Надоместокот на плата за првите 21 ден спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства.
Надоместокот на плата над 21 ден е на товар на средствата на задолжителното здравствено осигурување и го утврдува и исплатува Фондот за здравствено осигурување.
Од првиот ден на спреченост за работа, надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот ако се работи за нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање на крв, ткиво или орган и во случај на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.
2) Висината на надоместокот на плата
Надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа поради повреда на работа и професионално заболување, за време на давање на ткиво, крв или орган, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата. Во сите останати случаи надоместокот на плата на товар на средствата на Фондот изнесува 85% од утврдената основица.
Услови за остварување на правото на надоместок на плата
(1) Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.
(2) Работодавачот е должен да му исплати надоместок на платата во случаите на отсутност од работа поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со закон определени празници и од работа слободните денови и во случаите кога работникот не работи од причини на страна на работодавачот.
(3) Работодавачот исплаќа надоместок на платата и во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреди до 30 дена, а над 30 дена се исплаќа на товар на здравственото осигурување. Во случај на отворање на ново боледување во рок од три дена од престанокот на претходното боледување, работодавачот има право да побара од првостепената лекарска комисија да го потврди новото боледување или да го продолжи прекратеното старо боледување.
(4) Во случај на неспособност на работникот за работа поради повреди настанати заради необезбедување на мерките утврдени со прописите од областа на безбедност и здравје при работа од страна на работодавачот, работодавачот исплаќа надоместок на плата и над 30 дена, врз основа на записник од органот на државната управа надлежен за работите од областа на инспекцијата на трудот.
(5) Надоместокот на плата за привремените агенциски работници кои со договор за отстапување преку Агенцијата за привремени вработувања се отстапени кај работодавач корисник, обврската за исплата на надоместокот на плата е на товар на работодавачот корисник.
(6) Работодавачот може да исплати на товар на другиот обврзник надоместок за платата, исто така, и во случај ако така е одредено со закон или друг пропис.
(7) Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на половина од платата, на која инаку би имал право, ако би работел.
(8) Ако со овој закон или друг закон поинаку не е одредено, на работникот му припаѓа надоместок на платата во висина од неговата просечна плата од последните 12 месеца. Доколку работникот во тој период не примал плата, му припаѓа надомест во висина на најниската плата.
(9) Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи.
(10) Во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му издаде решение и да му плати 70% од платата за период до три месеца во тековната година.