Суд во Индија наредил фризерски салон да плати 20 милиони рупии (271.000 американски долари) како компензација на манекенка поради погрешна фризура.
Во тужбата се наведува дека жената често добивала ангажман со компании за производство на препарати за коса, но дека не била стрижена во салонот според дадените упатства, поради што претрпела голема загуба.
Индиската национална комисија за решавање спорови за потрошувачите (NCDRC) соопшти дека жената ги загубила „очекуваните работни места и претрпела огромна загуба што целосно го променила нејзиниот животен стил и го скршила нејзиниот сон да стане топ -модел“.
„Таа претрпе тежок психички дефект и траума поради негрижа при кратење на косата и не можеше да се концентрира на работа, по што ја загуби работата“, се вели во пресудата.
Во 2018 година, манекенката била во хотел, каде што има салон, за да се потстрижи и им даде посебни упатства на вработените за изгледот што го сака, но фризерот скратил голем дел од косата.
Извор: lokalno.mk