Со почетокот на пандемијата, особено во првата половина од годината се зголемува и интересот кај граѓаните за приватно здравствено осигурување кое ги покрива здравствените услуги и во приватните болници. 10 осигурителни компании склучиле 9.870 договори за приватно здравствено осигурување на 38.365 лица во првата половина на годинава. Во полиси за приватно здравствено осигурување за првите шест месеци осигуреници вложиле 232,5 милиони денари. Исплатените штети за приватно здравствено осигурување достигнаа 1,5 милиони евра велат во сторијата на ТВ21
Од осигурителните компании потврдуваат дека е зголемен инетерсот за приватно здравствено осигурување и дека за нив е предизвик овој релативно нов производ од кој и не можат да се пофалат со голема добивка во време на пандемија, но тука е вклучена и морално-социјалната компонента.
„Интересот е зголемен, но и штетите се зголемени преку 430 оваа година до денес, овој производ произведува големи трошоци, не произведува добивка која би значела нешто за компанијата, но тоа е она што ние како одговорна компанија кон осигурениците треба да го знаеме.“велат од осигурителните компании.
Овој износ на исплатени штети во бруто исплатените штети веќе достигнува 5% од вкупно исплатените штети што е сериозен раст во сегментот на исплатени штети во осигурителниот бизнис. Во првите шест месеци годинава осигурителните компании кои продаваат полиси за приватно здравствено осигурување исплатиле 9.144 оштетни побарувања на свои осигуреници. Највисоката поединечна исплатена штета покриена со приватно здравствено осигурување изнесува 610.000 денари (10.000 евра).