Главната тема во пресрет на почетокот на новата сезона во НБА е вакцинацијата против COVID-19.
Имаше тврдења дека околу 90 проценти од играчите биле вакцинирани, но имало и такви кои јавно се изјасниле против вакцинацијата. Сепак, ставот на НБА е јасен.
„Секој играч кој ќе избере да не постапува во согласност со упатствата на локалните власти во врска со вакцинацијата, нема да биде платен за натпреварите што ги пропушта“, рече Мајк Бес, извршен потпретседател за комуникации во НБА.
Меѓу водачите на групата противници на вакцината е Ендрју Вигинс. Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс побара ослободување од вакцинација од верски причини, но тоа беше одбиено.
Играчи како Кајри Ирвинг и Бредли Бил јавно кажаа дека не сакаат да се вакцинираат, додека Леброн Џејмс е вакциниран, но додаде дека нема да им го препорачува тоа на другите.
Кошаркарот на Орландо Меџик, Џонатан Ајзак, наводно е горд што не бил вакциниран, додека Двајт Хауард не сакал ниту да го коментира ова прашање.
Извор: kajgana.com