Валис и Футуна – еден од трите вулкански тропски острови во Океанија, каде живеат 12.000 илјади жители, е дом и на еден Македонец. Тој е единствен кој засега се попишал и се евидентирал дека живее на оваа далечна дестинација. Вкупната површина на Валис и Футуна е 142.42 квадратни километри. Главен град на Валис и Футуна е Мата-Уту, кој воедно е и најголем град. Самата територија е составена од три вулкански тропски острови, кои се опколени со мали островчиња.
Oд јавно достапните податоци на Државниот завод за статистика од онлајн попишувањето на дијаспората, веќе може да се сумира на кои се далечни дестинации се „лоцирани“ македонски државјани, кои што заминале да работат и живеат во странство.
Малкумина евидентирани на егзотични острови
Во 45 земји во светот живеат по двајца или само по само еден македонските државјанин. Во 27 земји , се попишал само по еден македонски државјанин. Бахами, Фокландските острови, Шри Ланка, Филипините, Бермуди и Боцвана се дестинации на коишто е евидентиран само еден државјанин од земјава. По еден Македонец е заведен во пописната евиденција и на егзотичните Кајманските острови, Камерум, Костарика, Кукови острови, Лаос, Мавританија и Маврициус.
Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани.
Во Брунеи, Уругвај, Алжир, Аргентина, Екваторијална Гвинеја, Малдиви, Мароко, Мозамбик и Монголија пописот детектираше по двајца македонски државјани, коишто живеат и работат на овие далечни дестинации. Двајца Македонци има и во Доминиканската република, Панама, Аланд острови.
Тројца македонски државјани изминативе години заминале на Антарктикот, исто толкава бројка живеат и во Џибути, на Фарските острови, во Еквадор, Замбија, Перу, Сејшели и Бонер, Сент Еустатиус и Саба.
На пописот се пријавиле и четворица во Виетнам и Камбоџа, додека петмина Македонци живеат во Аруба. Девствените острови се дом за петмина иселеници од земјава, шетстмина на Хаити, а десетмина Македонија ја замениле со Брегот Слонова коска како дестинација за живот.
Највеќе иселеници во Швајцарија
Според последните податоци од пописот на дијаспората, евидентирани се 203.144 г раѓани коишто ја напуштиле Македонија. Пописот досега најголем број иселеници изброја во Швајцарија – 64806, во Германија се попишале 46161 граѓани и во Италија – 28265. Во Австрија на пописот се одзвале 11695 иселеници. Помал е интересот во Франција каде има 1913 попишани, во Обединетото кралство- 2575, а во САД – каде досега се пријавиле 9033 граѓани. Во Австралија се попишале само 3074 иселеници.
Што се однесува до регионот, пописот изброја 417 македонски државјани во Албанија, 610 во БиХ,5 70 во Бугарија, како и 218 македонски државјани во Грција. Во Косово се попишале 1323 македонски државјани, во Словенија 3975, во Хрватска 1668, во Србија - 904 и во Црна Гора – 220 иселеници.Во Чешка има 1032,2366 се во Турција...
Пописот заврши Попишани се вкупно 1.832.696 луѓе . Или 91 % за тие 9 отсто од Заводот велат ќе се соберат податоци од други бази.Пописот успешен, резултатите за шест месеци
Извор DW