Викендов и во првите два дена од следната недела ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.
Од УХМР соопштуваат дека нови врнежи се очекуваат во среда, и тоа кон крајот на денот.
Температурата ќе се движи од два до 10 степени наутро, а преку ден ќе достигне максимум 24 степени Целзиусови.