Претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра.
Утре-Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.