Секој од нас е одговорен. Одговорни сме пред шефовите, издавачите, клиентите, потрошувачите. Некои луѓе постапуваат одговорно и кон своите желби. Звучи како научна фантастика, но не е.
Родителите се гордееле со неа, но секое одење на работа, секое будење наутро, за неа започнувало со намрштено лице, и како што кажува, одвај стигнувала на работа. Тогаш сопственикот ја затворил фирмата и сите вработени завршиле на улица, меѓу кои била и Бурлсон.
„Тогаш почуствував големо олеснување, но и вина“, изјави таа.
„Благодарна сум што на мојата кариера и се случи ваков пресврт. Не сакав со добро, па морав со сила својата работа да ја земам во свои раце и да живеам живот во кој сама ќе одговарам на своите желби, а не на шефот или на клиентите“, кажува Мишел.
Таа веднаш по затворањето на компанијата каде што работела отворила продавница за домашни мниленичиња, оформила бенд во кој свирела гитара и пишувала за локалните весници.
По ваквото искуство кое целосно го сменил текот на нејзиниот живот, околу себе собрала голем број на луѓе и им го поставила следното прашање:
„Што би правеле доколку не би работеле за пари и доколку не ви е грижа за парите“?
Како би одговориле вие на ова прашање?