Изминативе 7-8 години овоштарите мака мачат да најдат берачи на јаболка. А годинава епосебно тешко зошто за влез во земјава постојат иввмерки кои велат задолжителен ПЦР тест заввлез и излез од земјата пто ги ограничува берачите на јаболка од Албанија да дојдат во Ресен. Токму за во координација на Општина Ресен и Министерството за земјоделство, е постигнат договор :Берачите на јаболка од соседна Албанија без ПЦР тест ќе можат да влезат во земјава на граничниот премин Стење. Одлуката помина на седница на Влада.
Љубе Пампулески, претседател на здружението на овоштари „Благој А. Котларовски“ објаснува дека работниците на граничниот премин ќе остават податоци каде ќе престојуваат, и колкав период, со цел надлежните да имаат увид. Додава дека работниците од Албанија ќе стигнуваат од денеска, а нивната сезонска работа во земјава секако ќе заврши до 1 ноември.
„Потребни се илјадници луѓе за берба на јаболка, а засега само 10 отсто од бербата е почната во овој регион. Подобро е доколку луѓето бидат вакцинирани. Ќе ги почитуваме мерките и протоколите, ќе внимаваме да нема некое поголемо мешање. Дел од работниците ќе пристигнат од Битола, Прилеп и Велес“, рече Пампулески.
Ерол Куртовски, овоштар од Ресен вели дека деновиве ќе побара неколку работници за берба на јаболка.
Дневницата ќе изнесува од 1.200 до 1.500 денари, со обезбедено сместување, но и оброци. Доколку нема работна сила, можно е да има и зголемување на дневниците.
Овоштарите од Ресен и Преспа велат дека пред 15 години немаа проблеми да обезбедат работници, дури имало поголем број на работници од потребното, и биле во позиција да ги бираат помладите, повредните и оние кои веќе имаат искуство.
„Оние кои тогаш имале 50 години, сега се пензионери и не можат да работат. Недостиг на работна сила се јави поради миграцијата во Европа, но и поради стареењето на населението. Но, ова е балкански проблем, не е погодена само Македонија, туку истото се случува и во Грција, Албанија, Србија“, додава Пампулески.
Производителите на јаболка од 2016 година наваму многу потешко наоѓаат работници, и се благодарни на државата што помогна без тестови албанските работници да можат да дојдат во Македонија. Во Ресен и Преспа се раѓаат од 80.000 до 150.000 тони јаболка годишно.
извор.Фактор