
Од 13 до 20 октомври посетете го Најголемиот регионален онлајн саем за вработување и запознајте се со можностите за кариера во Алкалоид АД Скопје!
„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.
„Алкалоид“ АД е акционерско друштво, во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има две подружници во земјава, 18 подружници и 2 претставништва во странство (во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руска Федерација, САД и Велика Британија).
Друштвото брои 1.860 вработени во земјата и 560 вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.
Како да станете дел од Алкалоид АД Скопје?
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, активните огласи за вработување и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Алаклоид АД Скопје на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 13 до 20 октомври.