Следната недела ќе се разговара за воведување на мерката во затворените места да може да се влезе само со сертификат за примени две дози вакцини, информираше денеска министерот за здравство.
Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ќе оставиме една-две недели дополнителни, со оглед на тоа што е најавено за да почне да важи препораката за во сите затворени места, наместо со една, да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини, рече министерот.
Ваквата мерка тој ја најави уште минатиот месец, посочувајќи дека рестрикциите за влез во угостителски објекти придонеле за зголемен опфат со вакцинација.