Ти се шета викендов низ Мариово? Може! Чекај да ја симнам само апликацијата за да не води. Апликација? А нема водич турата? Не, ќе нè води мобилниот. Ама јас сакам некој што знае да не упати на вистинските места, да раскаже нешто интересно за нив, не само да акам без цел … Така де, апликацијата е совршен водич со широки познавања, ќе ни каже сè.
Можеби вака би реагирале ако досега не сте слушнале за таканаречените самоводечки тури (self-guided tours), наспроти оние класичните групни тури со професионален водич чија маана е токму тоа што станува збор за поголеми групи луѓе кои мораат постојано да се „влечат“ заедно па понекогаш кога сакате да сте на некое друго место, а не таму каде што се сите.
Наспроти нив, самоводечките тури овозможуваат поголема независност и слобода, но и чувство на сигурност во прилики кога сакате самостојно да патувате во некоја област која не ја познавате. Токму ваквиот вид на патувања станале поактуелни во периодот на пандемијата со ковид-19, кога луѓето не сакаа да се мешаат со големи групи и со многу луѓе.
Уште пред ситуацијата со ковид-19, регионот Мариово имаше јасно изразен недостаток на туристички водичи и информации за туристичките потенцијали. Луѓето на разни начини го посетуваа Мариово, но без некаков конкретен предлог на тури, локации или информации за местата кои ги посетуваа.
Имено, по изборот и преземањето на саканата тура, добивате мапа со траса која е ваша водилка за време на патувањето. Кога ќе пристигнете до одредена локација се активира аудио нарација на еден од четирите јазици. За време на вашето патување, апликацијата ви дава и совети и информации, исто како да сте со локален водич.
Следен чекор е да се направат во Мариово доволно капацитети за спиење, затоа што ако туристите не се задржат на јадење и не преноќат барем 1-2 ноќи, тогаш го добивате само најлошото од туризмот.
Изминатата година се реновираа некои куќи кои ќе можат да се издаваат за туристи. Како дел од овој проект, се креирани содржини за 35 локации во битолскиот дел на Мариово (под Општина Новаци) на македонски, англиски, француски, германски и знаковен јазик.
Локациите се поврзани преку шест предлог тури, од кои четири се пешачки, а две се наменети за велосипед или теренско возило. Ја избирате посакуваната тура и го оставате вашиот телефон да ве води. Бидејќи на одредени локации во Мариово нема телефонски сигнал, се препорачува да се користи и бесплатната апликација izi. Travel, каде исто така се поставени турите и се достапни и кога сте офлајн.
Посетете ја веб страната на www.RuralAdventure.mk и започнете ја Вашата авантура!