Македонија во просек секој ден влече околу 4.500 мегават часови електрична енергија од Европската мрежа за струја.
Ова МЕПСО го чини најмалку еден милион евра дневно. Според анализите сметката која ќе треба преносниот систем да ја плати за октомври ќе надмине 10 милиони евра. Поради големите количини кои се влечат од меѓународната мрежа, пред се заради недоволното домашно производство на ЕСМ и слабите акумулации, земјава доби нова, четврта по ред опомена од Европа. За оваа известени се сите надлежни институции. Поради ваквата состојба познавачите велат дека земјава може да се соочи со санкции. Според експертите состојбата е алармантна, во системот недостасува струја, поради што се користи меѓународната мрежа.
Состојбата стана уште поалармантна откако пред неколку дена пропадна тендерот со кој државата требаше да ги обезбеди потребните количини на јаглен за РЕК Битола. Увозот се прави главно да се обезбеди струја за стопанството. Затоа од бизнисот се надеваат дена навреме ќе пристигне јагленот во земјава.
Енергетичарите очекуваат стабилизација на енергетскиот сектор дури во втората половина следната година. Но дотогаш велат не чека тежок период.
Извор: plusinfo.mk