Отпадот на храна стана алармантен, особено во богатите, развиени земји, но и во остатокот од светот. Неодамна пишувавме за тоа дека дневно се фрлаат во просек по 2 милиони килограми храна. За да спречи понатамошно, непотребно фрлање храна со истечен рок, Европската унија планира да воведе нов закон за продавници. Актуелниот закон треба да стапи на сила, а еве што значи: ќе има промена на рокот на употреба на различни прехранбени производи.
Генерално, првата промена ќе се фокусира на храната која има особено долг рок на траење. Имено, доколку се складира правилно, храната со „особено долг рок на траење“ нема да ја има ознаката „use by“ (го означува конечниот препорачан датум до кој можете да јадете храна со врвен квалитет). Затоа, промената првенствено ќе влијае на производите како што се оризот, тестенините, кафето, маслото и чајот.
Втората промена се однесува на ознаките „најдобро да се користи до“, што значи датум до кој храната е на највисоко ниво според нејзиниот вкус и квалитет. Оваа белешка треба или да не се пишува или да се замени со друга, од типот: „често добро и после““.
Сепак, рокот на траење останува валиден за свежата храна како што се месото, рибата и другите расипливи производи. Ваков закон за прехранбени производи се подготвува поради резултатите од истражувањето спроведено од Институтот Јохан Хајнрих фон Тунен по налог на Сојузното Министерство за храна и земјоделство.
Резултатите покажаа дека 52 отсто од храната што е наменета за отпад се создава во приватни домаќинства. Само во Германија годишно се фрлаат околу 12 милиони тони храна. Вториот дел од приказната се состои од големи корпорации кои повеќе не можат да ги продаваат своите производи по нивниот рок на траење („најдобро да се користи до ...“).