Сите оние кои изгубиле блиски членови на семејството како последица на ковид-19, до крајот на ноември можат да аплицираат за еднократна помош од косовската влада во износ од 1.500 евра, соопшти косовското Министерство за финансии.
Помошта се однесува само на блиски членови на семејството, како брачен другар, дете или родител.
За електронската пријава е потребна потврда за матична регистрација, со која се потврдува семејната поврзаност на барателот со починатиот и копија од последната страница од личната карта на лицето кое аплицира.
Во соопштението на косовското Министерство за финансии се наведува дека по 1 октомври 2021 година, оние кои ќе изгубат член на семејството поради инфекција со Ковид-19 може да добијат помош само доколку починатиот член на семејството е вакциниран со двете дози од вакцината против Ковид-19.
Извор: vecer.press