ПОТРОШУВАЧКА | 2018 | 2019 | 2020 |
Храна и безалкохолни пијалаци | 38,4 | 43,1 | 45 |
Алкохолни пијалаци и тутун | 4 | 4,2 | 4,6 |
Облека и обувки | 6,1 | 5,1 | 4,3 |
Домување, вода, електрика, гас и други горива | 10,5 | 10,8 | 11,5 |
Мебел, покуќнина, одржување на покуќнината | 4,5 | 4,5 | 5,3 |
Здравје | 4,2 | 3,5 | 3,1 |
Сообраќај | 5,3 | 6 | 5,6 |
Комуникации | 3,2 | 3,8 | 3,6 |
Рекреација и култура | 1,7 | 1,6 | 1,2 |
Образование | 0,4 | 0,4 | 0,2 |
Ресторани и хотели | 4.3 | 4,1 | 2,9 |
Останати стоки и услуги | 5,2 | 5 | 5,8 |
Друго | 11,9 | 8 | 7 |
Вкупно | 100 | 100 | 100 |
Поскапувањето на храната го засега сечиј џеб, но најмногу ранливите категории. За 6,3% е зголемен уделот на храната и безалкохолните пијалоци во вкупната потрошувачка кошничка на домаќинствата за две години. Ако во 2018-та изнесувал 38.7 % во 2020 -та се искачил на 45%, според податоците на Заводот за статистика. Потребно ли е да интервенира државата и во планирањето на буџетот да одвои средства за нивно субвенционирање, покрај социјалната помош.
„Јас како што споменав во делот на социјална заштита, политиките што беа презентирани од министерството и што се кажани во јавност се инкорпорирани во буџетот тоа ја опфаќа дополнителен социјален приход и сите роформи што беа најавени што се донесоа тука се предвидени тие средства во рамки на буџетот, а подетално од ресорните министерства“, истакна Фатмир Бесими за ТВ21
Неодамна и од Стопанската комора потенцираа дека некои производи може да поскапат и за 50 проценти. Оттаму рекоа дека на фармерите трошоци им се зголемени за 70 – 80 проценти. За 10 – 11 отсто се зголемени трошоците во млечната индустрија. Слична е ситуацијата и во месната индустрија, а скок на цените има и на житарките и на маслодајните семиња кои во моментов се повисоки од 20 до 100 проценти, отколку пред една година.
Извештај на ТВ 21.