Македонија е меѓу земјите со висок ризик од изложеност од сиромаштија, каде повеќе од една третина од населението се под тој ризик(околу 35 отсто), покажуваат податоците на Статистичката агенција на ЕУ - Евростат за 2020 година.
Најлошо рангирана земја од регионот е Албнија каде над половина од населението (51 отсто) било изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
По Албанија следат Црна Гора со 40 отсто од популацијата, па Турција со 38 проценти и Северна Македонија со околу 35 проценти од населението изложено на ризик од сиромаштија. Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.
Извор: slobodnaevropa.mk