Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ без да мора да излезе на теренот се пласира во четвртфиналето на Мастерс турнирот 1000 во Париз, бидејќи Гаел Монфис се повлече од мечот
Ова можеше да се насети откако Французинот го победи својот сонародник Адријан Манарин и рече дека има повреда.
Бидејќи не играше, Ѓоковиќ немаше можност да и се обрати на јавноста на редовната прес-конференција, но тоа го направи преку социјалните мрежи.
Имено, во Индија денеска се слави Дивали, најголемиот празник, па Новак Ѓоковиќ преку својот Твитер профил на сите Индијци им го честита денот на светлината. Таа порака ги воодушеви жителите на втората најнаселена земја во светот (според последниот попис, во Индија живеат околу 1,38 милијарди луѓе).
'' Среќен Дивали на сите кои слават. Ви посакувам мир, љубов и светлина“, објави Ѓоковиќ, а во коментарите некои тврдат дека српскиот тенисер со само еден твит добил милијарда нови фанови.