Чистачи, продавачи, келнери, готвачи, шанкери, шивачи, возачи, тесари, програмери, се занимањата кои редовно се појавуваат како најбарани.
Во државата се пријавени близу 136 илјади лица кои активно бараат работа, од необразовани, до доктори на науки, а секојдневно се објавуваат од осум до 10 илјади огласи за вработување. Но, изгледа помина времето кога невработените очајно бараа работа, па сега работодавачите очајно бараат работници.
Тоа што постојано има огласи за вработување на хигиеничари не значи дека ние имаме голема потреба од нив. Едноставно, не можеме да најдеме соодветни работници, па ги повторуваме огласите. И тие што ќе прифатат да работат бргу се откажуваат и си заминуваат, а и ние не сме задоволни од тоа како работат поголемиот дел од оние што ги вработуваме, изјавија двајца сопственици на компании со дејност одржување хигиена на станбен и деловен простор.
Велат дека работниците пребираат, зашто сега имаат опција да заминат на работа во странство. Од Организацијата на работодавачи сметаат дека платата не е пресудна за задржување на кадарот во државата. Според нив, сега не е вистинско време за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, зашто, како што оценуваат, со таква мерка нема да се постигнат очекуваните резултати.
Неодамна таа имаше средба со угостителите во Охридско-струшкиот регион, каде што беше забележано дека Македонија има проблем со задржување на работната сила на подолг временски период поради миграцијата на населението дома и надвор од земјата.
60 СЛОБОДНИ ПОЗИЦИИ ВО СЕКТОРОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО: СИТЕ АКТИВНИ ОГЛАСИ СЕ НА ЛИНКОТ
Последните две години платите не се проблем за иселувањето, туку состојбите во општеството. Можеби ниските плати беа проблем во минатиот период, меѓутоа во изминативе две години платите не се сериозен проблем за младите. Проблемот е многу посуштински, многу подлабок, тој е институционален претпоставувам, и она на што во моментов работиме е да ги согледаме причините зошто младите заминуваат. Платите во угостителскиот сектор се многу повисоки од други сектори, така што тие не се причина за заминување на младите.
Сведоштвата на лицата кои заминуваат на работа во странство, сепак, откриваат дека платите се сè уште исклучително важен фактор при одлуката за напуштање на државата, иако нашите работодавачи сметаат дека доволно плаќаат.
Работам во Германија. Месечно добивам по 1.500 евра, кои тука не можам ни да ги замислам, имам здравствено осигурување и ми се плаќа пензиски стаж. Трошоци практично и немам, зашто стан и храна ми се обезбедени во семејството на жената што ја чувам. Само вака можам да му овозможам егзистенција на семејството, зашто имам средно образование, а во Македонија, што и да работам, мислам дека не би заработувала повеќе од 18.000 денари, а тие пари не стигнуваат за ништо, вели скопјанка на возраст од 50 - ина години која минатиот месец отиде на работа во Германија, иако за нејзиното занимање има побарувачка и тука.
Од друга страна, дел од оние кои бараат работа тука, не ги задоволуваат потребните на работодавачите. Голем дел од работоспособното население не ги задоволува потребите на пазарот на труд, па некои експерти сметаат дека потребни се директни реформи во образованието, со цел да се подобри ситуацијата и да се намали невработеноста.