Сите работници на Дајмлер во Германија ќе добијат "скромен" подарок
И покрај огромните проблеми во автомобилската индустрија, некои производители сè уште пливаат со главата над вода. Еден од нив е дефинитивно Дајмлер, кој одлучил дополнително да ги награди своите вработени во Германија. Дајмлер ќе му надомести на секој работник за „личниот и економскиот товар, како што е носењето маска и работата од дома“, што секој работник морал да го издржи во тековната година, објасни Вилфрид Порт, шефот за човечки ресурси на Дајмлер. Тој истакна дека за време на пандемијата, компанијата отсекогаш можеше да се потпре на флексибилноста на својата работна сила, која е секогаш подготвена да помогне.
Право на бонусот на крајот на годината ќе имаат 87,2 отсто од сите вработени според основниот колективен договор.
Исплатата на божиќниот бонус е различна во одредени сектори, а „надпросечниот божиќен бонус“ ќе се исплати во секторот за кокс и преработка на минерални масла. Вработените во тој сектор, согласно колективните договори, добиваат просечен божиќен бонус од по 1000 евра.