Поскапувањето на храната го засега сечиј џеб, но најмногу ранливите категории.
За 8 години бројот на работници кои земаат минималец е зголемен. Според анализата на Синдикатот, од 30 илјади корисници во 2013 та сега лицата кои земаат по 15 илјади плата е зголемен на 110 илјади. Од ССМ бараат минималецот до Нова година да порасне на 18. 000 денари. Но со него, да се зголемуваат и сите останите плати, согласно колективните договори и образованието.
На таа минимална плата од 18,000 денари има додатоци за тежина на работа, за минат труд, за ноќни смени, за празник. Не може хигиенирачарка да зема 18,000 и рецепионер исто. Мора да има повисока плата, согласно позицијата. Во време кога цените на производите секојдневно растат и според денешната статистика, само во октомври производите поскапеле за над 6%. Гладен работник не може да биде продуктивен работник.
Покрај зголемување на минималецот, ССМ бара Собранието да го изгласа и законот за недела- неработен ден, кој требаше да се применува од октомври.