Општина Аеродром ги информира граѓаните што аплицираа за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња дека средствата ќе им бидат исплатени во најбрз можен рок.
Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.
Исто така, ќе им бидат исплатени по 8.000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3.500 денари за првачиња – информираат од Општина Аеродром.
Извор: vecer.press