Рудниот депозит на Саса е откриен за време на истражување помеѓу 1954 и 1965 година. Во 1966 година рудникот започнал со комерцијално производство на руда.
Одржливиот развој е многу важен за нас бидејќи веруваме дека основните метали што ги произведуваме се за доброто на сите.Одржливоста опфаќа широк спектар на области, како што се одговорното управување, безбедноста и здравјето, грижата и благосостојбата за вработените, за животната средина и за заедниците. Нашите напори во овие области се целосно интегрирани во нашето целокупно работење.
Ние во САСА, се гордееме со нашите производствени резултати. Иако технологијата во нашата индустрија со текот на времето значително се промени, постојат одредени работи што остануваат константни, како што се вниманието што го посветуваме на деталите, долгорочните и краткорочни планирања, квалитетот на нашиот производ и грижа за нашите вработени, локалната заедница и околината.
Заинтересирани ли сте да се приклучите на тим на талентирани иноватори? САСА вработува!
Ние сме во потрага по луѓе кои поседуваат страст за нашата индустрија и се посветени на тимска рабoта.
Mechanical Maintenance Trainer
(Тренер за механичко одржување)
деталите погледнете ги на линкот