Општина Центар ги објави резултатите за предложените идејни решенија за локалитетот на фабриката „Треска“. Вкупно пристигнале три конкурсни трудови.
Со првото конкурсно решение се предлага просторен концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови, отворени кон централниот парковски простор со комбинирана катност од П + 4 до П + 8 лоцирани долж ул. „ Ф. Рузвелт“, централно поставен парк подолжно во правец север-југ како и станбени низови со катност П + 3 и П + 4 долж улицата „ А. Циборовски“. Со самата форма на блоковите оформени се интимни дворови за станарите и истите се поплочани и озеленети и сите се ориентирани кон централниот парк.
Со второто конкурсно решение се предлага просторен концепт оформен од станбени блокови со катност П + 6 и станбени кули со катност П + 17 ,со намена А2 – домување, поврзани меѓу себе со внатрешни отворени атриуми.
Третото конкурсно решение се базира врз сеопфатна анализа на поширокото градско подрачје со цел да се интегрира просторот на ф-ка „ Треска “ преку препознатливи вертикални акценти долж улицата „М.Т.Гологанов“.
Решение нуди вертикален елемент- кула од 71,60м со П + 16 со намена Хотел, на аголот на улиците „М.Т.Гологанов“ и „Рузвелтова“ со голема парковска површина – парк- Шума и парк – Ливада со водена површина помеѓу, со што се овозможува интеграција на населбите „ Буњаковец“ и Тафталиџе“. Домувањето е концентрирано во два атриумски блока како реминисценција на „ Железничка колонија“ и два линеарни станбени блока, долж улицата „Адолф Циборовски“. Предвидените станбени единици се воглавно дуплекс станови. Во проектот е вклучена и детска градинка лоцирана периферно во директен контакт со зеленило“, стои во соопштението.
Овие три трудови во следниот период ќе бидат изложени во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ со цел граѓаните да ги видат и нивните графички прикази.
Извор: radiomof.mk