Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се работи за целосно нов концепт кој покрај породилно отсуство на мајката заради раѓање на дете, вклучува и отсуство на таткото.
Времетраењето на породилното отсуство кое се регулира со Законот за работни односи е дел од промените што ќе бидат предвидени во новиот системски закон на кој Министерството за труд и социјална политика заедно со социјалните партнери, работи изминативе месеци, велат од Министерството за труд и социјална политика.
На Новиот Предлог Закон за работни односи работи работна група составена од претставници на работниците, работодавачите, МОТ и експерти од областа на трудовото право.
Министерката за труд и социјална политика, Шахпаска во април годинава најави дека е можно мајките да користат породилното отсуство од 12 месеци, наместо како сега 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето.
Примената на Законот за работни односи, според кој породилното отсуство ќе трае повеќе од девет месеци треба да започне во 2022 година.
Извор: novatv.mk