Побарувачката е седум пати поголема, но треба да се внимава
Криптовалутите почнаа масовно да ги купуваат и Балканците, кои до неодамна речиси и немаа слушнато за дигиталните валути. До пред само неколку месеци со негодување гледаа на овој „виртуелен свет“, а денес со криптовалутите наголемо тргуваат економисти, лекари, но и музичари, луѓе без работа, но со некоја заштеда ...
И не само што тргуваат, туку и заработуваат, бидејќи биткоинот лани вредеше 30.000 долари, а денес е близу 60.000. Или, според јазикот на парите, оној што вложил 1.000 евра пред една година, денес има 2.000! Многумина заработија и повеќе бидејќи биткоинот на моменти вредеше далеку помалку од 30.000 долари, но мора да се каже дека имаше и загуби.
Треба да се нагласи дека тргувањето со криптовалутите може да биде ризична инвестиција бидејќи никој не може да гарантира дека биткоинот од 20.000 долари ќе скокне на 60.000 дол., но може да се случи и спротивното.
За се поголемата „популарност“ на овој нов бизнис најдобро говорат новите официјални податоци од регионот. Пред половина година на една берза за криптовалути во БиХ имаше околу 3.000 регистрирани корисници, а сега ги има околу 8.500.
Со биткоинот се тргува и во Словенија и во Хрватска, земји кои меѓу првите во регионот го регулираа својот пазар на капитал. Словенија е една од земјите што не ги оданочува физичките лица на капитални добивки од биткоинот и другите криптовалути.
Извор: kanal5.com.mk