Одржувањето на дрвените подови така што ќе светат често е голем предизвик за домаќинките
Дрвените подови, односно паркетот, колку и да изгледаат естетски убаво, не се секогаш лесни за одржување. Посебен проблем за многу домаќинки е како да постигнат висок сјај на овие површини.
Ако до сега не сте знаеле, постои еден многу едноставен трик за чистење со кој вашиот паркет секогаш ќе изгледа како да е штотуку поставен и на него можете да „се огледате“.
Веројатно веќе имате се што ви треба од состојките во вашиот дом, а доколку ги немате, лесно е да ги набавите, бидејќи се многу достапни.
Состојки: 5 шолји топла вода, 20 мл маслиново масло, 40 мл алкохолен оцет и 12 капки етерично масло од лимон. Измешајте ги сите состојки во кофа за чистење на подот. Во растворот натопете крпа од микрофибер, добро исцедете ја и искористете ја за чистење на паркетот.
Повторувајте ја постапката додека не ја исчистите целата површина. На самиот крај, дрвената површина избришете ја со сува крпа за да не се лизга.