Возилата со полициска придружба, видливо означените возила на АРМ, полицијата, итната медицинска помош, возила на лица заболени од мултиплекс склероза и церебрална парализа се само дел од оние што се ослободени од плаќање патарина.
Ова е пропишано со Законот за јавните патишта на Република Македонија, во кој се наведува дека од плаќање патарина за време на служба се ослободуваат возила со полициска придружба, видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, Царинската управа, Агенцијата, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државниот инспекторат за транспорт, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ - Скопје и погребалните возила.
Освен нив, со членот 66 од истиот закон е пропишано дека од плаќање патарина се ослободени и возила на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија
За да го користат ова право, лицата треба да поседуваат членски книшки издадени од здруженијата, односно сојузите во кои членуваат, кои заедно со документацијата за болеста согласно наведеното во законот и копија од сообраќајната дозвола од возилото што се користи преку нивните здруженија, односно сојузи, барањата се доставуваат до Јавното претпријатие за државни патишта. Потоа документацијата се проверува и доколку сѐ е во ред, Јавното претпријатие за државни патишта ја потпишува и заверува книшката, со што се потврдува правото на ослободување од плаќање на патарина и писмено се известуваат здруженијата, односно сојузите за тоа.
Кога некое лице ослободено од плаќање патарина минува низ наплатна станица, треба да ја даде на увид и членската книшка во која е запишана регистарската табличка од возилото што се ослободува.
извор: fakulteti.mk
Кои лица се ослободени од плаќање патарина?
Aktualno
-
2024 прогласена за најтопла година во историјата
Според податоците на различни метеоролошки агенции, како што се Европската комисија, Британскиот метеоролошки завод и Јапонската агенција за време, глобалната температура во 2024 година била 1,6 степени Целзиусови над просечната температура од доцниот 19-ти век.
-
Жителите на Германија имаат најголем број денови поминати на боледување во ЕУ
Нова статистика за боледување во Германија предизвика дебата: Според податоците на Федералниот завод за статистика, Германците поминале во просек 15,1 работен ден на боледување во 2023 година, што ја поставува Германија на врвот во ЕУ.
-
Патот од асфалт до земја – животни приказни за преселба на село
Сè повеќе луѓе од урбаните средини одлучуваат да го напуштат градот и да се преселат во руралните предели, во потрага по смиреност, чист воздух и природна храна.
-
Иако граѓаните сè почесто прават нарачки онлајн плаќањето во готово доминира при доставата
Македонските граѓани се почесто пазаруваат онлајн ова го покажуваат бројките на Народната банка.
-
Денеска е Светски ден на смеата: Како насмевката ве прави поздрави и посреќни?
„Смеата е најдобар лек“, е слоганот со кој Индиецот Мадан Катаира во 1998 година го основа Светскиот ден на смеата, кој се одбележува двапати годишно, на 10 јануари и на 2 мај и докажа дека смеата е најдобриот лек против многу болести, пред се против стресот кој секојдневно се зголемува во современиот начин на живот.
-
Нема веќе брзо возење: Безбедносните камери целосно во употреба до крајот на 2025 година
Проектот за безбедносни камери ќе биде целосно имплементиран до крајот на 2025 година, кога ќе бидат активни сите системи за мониторинг. Во моментов се подготвуваат законски измени и се работи на подготовка на судовите и Управата за јавни приходи (УЈП) за да се обезбеди полн ефект на проектот, вели нинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски.