Првиот материјал кој ви доаѓа на ум кога ќе помислите на пакувања на IKEA е картонот. Тоа е така затоа што шведскиот бренд за мебел се труди да ја држи употребата на пластика на минимум.
Моментално, пластиката сочинува само 10% од вкупниот материјал употребен за производство на пакувањата на IKEA. Меѓутоа, според компанијата, тој процент не е доволно низок.
IKEA активно бара начини како целосно да ја елиминира пластиката од своите пакувања, со надеж да ја постигне зацртаната цел до 2028 година. До 2025 година, компанијата планира да ја елиминира пластиката од сите нови производи, со исклучок на оние кои се наменети за чување на храна. Потоа планира да ја прошири оваа иницијатива врз сите постоечки производи.
Се очекува дека IKEA ќе продолжи да ја користи хартијата како примарен материјал за пакување, пред сé поради својата практичност и можноста за рециклирање.
Но, истовремено, компанијата не се ограничува само на хратија и е во постојата потрага по нови и алтернативни материјали, кои главно би можеле да се добиваат од остатоците од производството на мебел.
Најголем предизвик остануваат пакувањата на храна, главно поради практичноста на пластиката за чување на храна. Затоа, од IKEA размислуваат за пластика добиена со рециклирање или пак од растително потекло, како замена за традиционалната верзија која се добива од фосилни горива.