Оваа година греењето на пелети драстично поскапе, ако минатата година вреќа од 15 килограми можеше да се по цена од 160 до 200 денари, сега тие на бензинските станици се продаваат по 300 денари по парче, додека во малопродажниот ланец најевтините се околу 260 денари за парче.
Ако едно семејство затоплува дом од 50-60 квадрати, за десетина часа би потрошил една вреќа пелети, така според пресметките месечно ова семејство би потрошило 9.000 денари за овој начин на греење, што е премногу, имајќи го во предвид стандардот.
Доколку се работи за поголеми простори со користење на котел за пелети и систем на парно греење, потрошувачката на пелети е двојна, ако не и повеќе.
Овие цени се превисоки за граѓаните кои немаат можност или не се приклучиле на централно греење од купување на печки на пелети и повторно ги враќаат на греење на дрво, што е најисплатливо.
Забележан е и посебен интерес за инвертер клими кои сега во земјава се по многу подостапни цени од порано, но сепак евентуално поскапување на струјата би значело дека и овој начин на греење е поскап.
Извор: centar.mk