Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд, кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни или над 20 литри на метар квадратен за 12 часа, соопшти УХМР.
На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.
Метеоролозите предвидуваат во вторник под влијание на засилено северно струење да настапи значително заладување.
Во понеделник времето ќе биде биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.