Владата треба да седне и да се договори со трговците за замрзнување на цената на основните прехранбени производи како што тоа го стори Србија. Во меѓувреме, сезоната на предновогодишни попусти е во полн ек. Излозите излепени со натписи – намалување до 70%; плати едно, земи две; целосна ликвидација.
Во нашиот Закон се регулира распродажбата на производите и услугите, односно како декларира распродажбата и во кој период може да се направи тоа. Тој сегмент го третира и контролира ДПИ.
- Она што е карактеристично само процент се става за намалување на цената и вие не гледате колку била претходната цена. Често пати се случува да пишува 70% на излозите и само неколку парчиња да бидат на распродажба, вели Лончар.
Таа објаснува дека кога станува збор за тотална ликвидација, тоа стварно треба да биде тотална ликвидација и тоа значи дека објектот се затвора и не се отвора веќе.
– Ликвидацијата во законот се регулира како нечесна пазарна пракса. Глобата е утврдена на доста високо ниво. Може да се изрече и мерка затворање на објектот на одредено време. Луѓето доста купуваат за Блек фрајдеј. Но гужвите кои сега се создаваат во пандемија навистина претставуваат опасност. Инаку Блек фрајдеј кај нас не е она што е во САД, па и Европа. Но факт е дека има намалување особено по моловите и трговските центри, но попустите не се толкави, додава таа.
Извор: lokalno.mk