Феручио Ламборгини отсекогаш бил заинтересиран за автомобилските мотори, па основал мала работилница во која поправал автомобили и моторцикли, каде и од фрлени воени возила правел и по еден трактор месечно
Со оглед на тоа што бил голем љубител на автомобили, поседувал и неколку спортски автомобили, од кои еден бил Ferrari 250 GT.
Во еден момент имал проблем со квачилото на неговото Ферари и го посетил Енцо Ферари со намера да му укаже за пропустот.
Но, на жалбите на Феручио, од Ферари му одговориле дека не е до автомобилот туку до возачот, и го советувале, наместо со тоа, да се занимава со своите трактори.
Ваквиот одговор не бил само навредлив, туку и претставувал предизвик.
Ламборгини одлучи да направи сопствен автомобил и основал фабрика во која вработил некогашни работници од Ферари.
Задачата беше да се направи луксузен автомобил кој ќе може да забрза до 240 км на час и така настана Lamborghini 350 GT.