Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.
Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50%.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.