Државната Комисија за спречување и заштита од дискриминација ја промовираше новата веб-страница на која граѓаните во иднина ќе можат да поднесуваат претставки и по електронски пат.
Граѓаните кои сакаат да го сторат тоа преку интернет ќе можат тоа да го направат на сајтот kszd.mk на копчето „пријави дискриминација“.
Покрај оваа можност, на веб-сајтот ќе можат да се најдат мислењата и општите препораки на Комисијата, статистички податоци поврзани со нивната работа, податоци за вклучување во судски постапки, стручни мислења на Комисијата, како и останати податоци за јавност и информации од јавен карактер.
Од Комисијата додаваат и дека сите граѓани кои би забележале некој проблем со функционирање на сајтот можат да ги контактираат и да ги известат за евентуалните грешки да бидат корегирани.
Извор: radiomof.mk