Пазарот на криптовалути нагло поврати 4,3% од својата вредност во изминатите 24 часа, а според веб-страницата „Коингеко“, капитализацијата моментално е 2,38 трилиони долари.
Биткоинот така постигна значителен раст од 5,57 отсто и моментално се тргува по цена од 48,621.61 долари.
Етереумот, исто така, ја поврати својата вредност за 6.29% и моментално се тргува по 4,022.08 долари.