Една од најлошите работи во студените месеци е чекањето да се одмрзне шофершајбната
Ако ја вклучите вентилацијата на одмрзнување, тоа може да потрае некое време и исто така да потрошите гориво.
Во случај да се обидувате со стругалка да се ослободите од мразот, постои голема веројатност да се смрзнете и тоа е тешка физичка работа која воопшто не е пријатна рано наутро, а секако постои шанса и да ја изгребете шофершајбната.
За среќа, овој раствор ќе ја заврши работата подобро од било што од горенаведеното и за помалку од една минута, а и лесно се прави.
Најдобро е да се направи навечер за да бидете подготвени во утринските часови. Едноставно измешајте 1/3 вода со 2/3 обичен медицински ал*охол (седумдесетпроцентен).
Течноста ставете ја во шише со распрснувач и наутро испрскајте ја замрзнатата шофершајбна. Мразот треба да исчезне во истиот момент.
Ова решение е толку ефикасно бидејќи медицинскиот ал*охол не замрзнува се додека не достигне температура од минус 53 Целзиусови степени.
На крај, важен совет, никогаш не прскајте топла или врела вода по замрзнатата шофершајбна ако надвор е студено, бидејќи така ќе додадете уште еден слој мраз на стаклото, а во најлош случај може да дојде до негово пукање.