Од ЈП „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје од 8 часот наутро до 15:30 нема да работат, ги повикуваат надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР, да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.
„Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај ‘Веро џамбо’, Кеј 13 Ноември, Правен факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот ‘Холидеј Ин’ и околината.
Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија“, се посочува во известувањето од ЈП „Улици и патишта“.