1. Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 23. 7. 2018 година. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања и градови:
Оџачар во Скопје, со завршено најмалку основно образование и
Персонални асистенти за инвалидни лица, во Скопје со завршено намалку средно образование.
2. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, a по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори. и средни стручни училишта. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може дасе изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
3. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
4. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.
5. На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.
6. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија и селектираните кандидати.
7. Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати.
8. Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македониј a www. avrm. gov. mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија www.mtsp.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Повик до евидентирани невработени лица
Aktualno
-
Скопје повторно меѓу шампионите по загаденост на воздухот
Со почетокот на грејната сезона започна и сезоната на висока загаденот на воздухот. Градовите низ земјава веќе се замаглија од ПМ честички, иако ниските температури започнаа пред само десетина дена. Скопје и оваа есен високо котира на светските листи на најазагадени градови.
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
ЈП „Водовод и канализација“–Скопје известува дека денеска, од 08:30 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата „Илинденска“, (на потегот од Влада до фонтаната во Градски Парк), како и објектите во склопот на Градски стадион, во Општина Центар.
-
Скопје одбележува 80 години од Денот на ослободувањето
На денешен ден во 1944 година борците од 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација за време на Втората светска војна
-
Студот попушти, немаше минусни температури утрово низ Македонија
Немаше град кој беше во минус во температурата ова утро, после неколку дена студен утрински бран. Најстудено беше во Маврово и на Попова Шапка со нула степени, додека Крушево и Лазарополе се разбудија со 1 степен.
-
Без струја дел од Карпош и Бутел
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска (среда), без напојување со електрична енергија ќе останат дел од Карпош и Бутел.
-
СКЕНИРАЧИ, ПРОВЕРЕТЕ СИ ГИ СМЕТКИТЕ: Почна исплатата на Мој ДДВ
Денес легнаа парите за дел од граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ.