Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег.
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претпладне значително облачно и магливо. Во попладневните и вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 10 степени.
Можноста да се појави снег во пониските места е поголема за утре па така утре се очекува:Облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Минимално 0 степени максимално 9