Грчките власти до 24 јануари ја продолжија мерката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција која важи и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19. . Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Северна Македонија.
Мерката беше воведена на 19 декември, минатата година и е продолжена за уште две седмица и предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет формулар.Нема промени во однос на невакцинираните патници, кои освен тестот направен претходно, задолжително ќе бидат тестирани и при влезот во Грција, а важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Северна Македонија.
Воведувањето задолжителниот тест, според грчките власти, е со цел да се спречи ширењето на омикрон, сојот кој е доминантен во земјата.